Кралското семејство објави нов портрет од принцот Вилијам, војвотката Кетрин и нивниот мал син.
Среќното семејство позира на прозорецот на нивниот дом во Кенсингтонската палата во Лондон. Осуммесечното детенце носи сина блуза со своето име додека љубопитно го гледа домашниот миленик Лупо.
Фотографијата направена од Џејсон Бел е објавена една седмица пред тринеделната официјална посета на семејството на Нов Зеланд и Австралија. Се очекува Вилијам, Кетрин и Џорџ да пристигнат во Нов Зеланд на 7 април.