Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Атиџе од „Медена земја“ со нова фризура пред Оскар

ФОТО: Атиџе од „Медена земја“ со нова фризура пред Оскар

Непосредно пред да отпатува во Лос Анџелес за да присуствува на престижната манифестација Оскар, Атиџе Муратова доби нова фризура.

Фотографиите од трансформацијата на косата на хероината на „Медена земја“ ги објавија од „Студио ИВ“.

Атиџе Муратова Атиџе Муратова Атиџе Муратова

„Атиџе од 'Медена земја' денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и' ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии“ – пишуваат од студиото.

Екипата на „Медена земја“ ќе зачекори на Оскар во креации од Тања Кокев.

Македонската дизајнерка за подготовките за претстојната манифестација вели: „Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на Honeyland, посебно со Атиџе. Многу често во вашите пораки споменавте дека едвај чекате да ја видите нејзината трансформација.“

„Атиџе е жена прекрасница, една во милион. Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа. Ние не сме тие кои треба на таа скромност да и кажуваме како да прошета на Оскарите. Таа си ја знаеше бојата уште пред да и го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме бидејќи не гледаме потреба за такво нешто. Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана онака како таа ќе се чуствува најпријатно. Само во една средба таа ми кажа 10 мудрости, јас тука не можам и не сакам ниту да додадам ниту да одземам нешто.“

„Медена земја“ има две номинации – за Најдобар интернационален филм и Најдобар документарен филм.

Атиџе Муратова Атиџе Муратова

Трејлер за „Медена земја“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.