Меган Фокс е горда мајка на две мали момчиња кои досега успешно ги сокриваше од љубопитните папараци. 27-годишната актерка сега одлучи да сподели неколку фотографии од слатките Ноа и Боди.

Фокс го роди помалиот син Боди пред само 2 месеци, околу 16 месеци по раѓањето на Ноа.

Фотографиите познатата актерка ги објави во шоуто на Елен Деџенерис, каде сподели и дека го снимала филмот „Teenage Mutant Ninja Turtles“ додека била бремена со Боди.

За време на велигденските празници, Фокс сподели и фотографии од неодамнешно патување во Дизниленд со својот сопруг Брајан Остин Грин.


Погледнете дел од емисијата на Елен со Меган Фокс: