Откако појавувањето на фотографиите од новата рекламна кампања на Армани со учество на Кристијано Роналдо и Меган Фокс предизвика толку голем интерес, јасно е дека самите видео реклами ќе бидат голем хит.
Но, за го зачуваат нашето љубопитство, од познатиот бренд Армани сè уште не ги откриваат целосните реклами за кампањата есен/зима 2010-2011.
Во кратките видеа можат да се видат Кристијано Роналдо и Меган Фокс како самоуверено ги покажуваат своите сексапилни тела во хотелски соби.
24-годишниот португалски фудбалер доаѓа на местото на Дејвид Бекам, кој две години беше рекламно лице на Emporio Armani Men’s Underwear, а Меган Фокс ја замени Викторија Бекам.
Погледнете дел од рекламите кои ќе го забрзаат ритамот на вашето срце.