Денес официјално беше промовиран спотот на Еминем и Ријана за хитот „Love The Way You Lie“. Главните улоги ги имаат Меган Фокс и Доминик Монахан, а се предвидува дека емотивното видео ќе доживее голема популарност.
Спотот е режиран од Џозеф Кан, којшто има соработувано со многубројни музички имиња како Лејди Гага, Гвен Стефани и 50 Cent, а бил сниман на локации во Лос Анџелес. Во него се прикажува приказната на еден пар чија страст преминува во насилство.
Темата насилство е особено чувствителна и за Ријана и за Еминем. Ријана, којашто минатата година беше жртва на насилство од нејзиното бившо момче Крис Браун, неодамна изјавила дека ова е нешто што ѝ било потребно да го направи.
„Тоа е нешто што и јас и Еминем го имаме искусено.... Тоа е нешто што требаше да биде направено...“ – изјавила Ријана за Access Hollywood.
„Love The Way You Lie“ е дел од новиот албум на Еминем, насловен „Recovery“.