Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонија беше претпоследна во полуфиналето на Евровизија, а еве кој гласаше за нас

Македонија беше претпоследна во полуфиналето на Евровизија, а еве кој гласаше за нас

Денеска беше обелоденето како секоја земја гласаше на Евровизија, а официјалните податоци говорат дека ние не бевме ни блиску до обезбедување на пласман во финалето. Имено, во првата полуфинална вечер бевме претпоследни на листата.

22938 22938

Васил Гарванлиев со „Here I Stand“ освои само 23 поени што е значително помалку од Малта која ја предводеше листата со 325 поени.

Кога станува збор за гласови од публиката, добивме бодови од Словенија (8), Романија (2) и Хрватска (1).

Што се однесува до стручните жирија, бодови ни дадоа: Романија (6), Словенија (4) и Ирска (2).

Кој гласаше за нас?

Евровизија

За потсетување: Во полуфиналето гласаат само земјите кои учествуваат во него и три од шесте држави кои имаат директен пласман во финалето. (Во нашиот случај, тоа беа Холандија, Германија и Италија).

А еве и како гласавме ние:

Гласовите од македонската публика

Евровизија

Гласовите од македонското жири

Евровизија

Италија победи во евровизиското финале кое синоќа се одржа во Ротердам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.