Луисана Лопилато и Мајкл Бубле го прошируваат своето семејство. 28-годишната актерка, кај нас позната по серијата „Млади бунтовници“, сподели слатко видео со кое ја објави среќната вест.
Во краткото видео, малиот син на Луисана и Мајкл покажува кон стомакот на својата мајка и вели „Бебе“.
NOAH TIENE ALGO PARA DECIRLES...
Posted by Luisana Lopilato on Monday, July 6, 2015
Ноа е првото дете на популарниот пар и наскоро ќе наполни две години.


Мајкл и Луисана се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак.
