Лорен Конрад ја започна новата година со среќна вест. 30-годишната дизајнерка со фотографија од ултразвук сподели дека е во блажена состојба.
„Среќна Нова година! Имам чувство дека 2017 ќе биде најдобрата година досега“ – напиша таа во описот на фотографијата на Instagram.
Ова ќе биде прво дете на Конрад и Вилијам Тел, кои стапија во брак на 13 септември 2014 година.


