Почетна » Новости » Актуелно » Огромна загуба: Почина Андреј од ДНК во пожарот во Кочани

Огромна загуба: Почина Андреј од ДНК во пожарот во Кочани

Македонската јавност е потресена со уште една ужасна вест – почина музичарот Андреја Ѓорѓиески – Андреј, како резултат на повредите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Имаше 43 години.

Андреја Ѓорѓиески – Андреј

Неговите колеги веќе објавуваат пораки за збогум. „Голем човек, големо срце, голема загуба“ - напиша Антониа Гиговска.

Андреја Ѓорѓиески – Андреј

Андреј заедно со Владимир Блажев – Панчо повеќе од две децении ја забавуваа публиката и нижеа хит по хит. Тие ја основаа групата ДНК во 2002 година и оттогаш имаат издадено 3 студиски албуми, една „best of“ компилација и едно EP.

Андреја Ѓорѓиески – Андреј

Саканиот музичар со сопругата Наталија имаат едно дете – ќеркичката Јана.

Андреја Ѓорѓиески – Андреј Андреја Ѓорѓиески – Андреј

Бројот на жртви и повредени во страотниот пожар постојано расте. Официјално е дека починале 59 лица, а над 155 се хоспитализирани.

За жал, струмичанецот Ѓорѓи Горѓиев, тапанарот на ДНК и Александар Ефремов, фотограф на бендот, исто така не преживеаја.

Фото: andrejdnk Instagram

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.