Светската музичка сцена сè уште се нема вратено во нормала по паузата наметната од пандемијата. Па, Камила Кабејо и Шон Мендес го искористуваат секој миг за да се одморат пред да продолжат со промоции и концерти.
Парот беше фотографиран на плажа во Мајами.
24-годишната пејачка носеше бикини со син принт, а нејзината фигура стана мета на многу коментари. Иако се протнаа малубројни негативни критики, многумина искажаа одушевување од нејзиниот природен изглед и порачаа дека убавината не е во „шаблон“ постигнат со корекции.
Без да потенцира дали пораката се однесува на темата изглед, Камила им се обрати на фановите со: „Ви благодарам за љубовта која ми ја испративте вчера и денес. Ве сакам сите“.
Камила и Шон се во врска од летото 2019 година.