Камила Кабејо и Шон Мендес заедно пристигнаа на премиерното прикажување на новата верзија на „Пепелашка“ во Мајами.
24-годишната музичарка и 23-годишниот пејач изгледаа среќно додека разговараа и се смееја пред фоторепортерите. Камила изгледаше како модерна принцеза во комбинација со здолниште со тул од Кристијано Сиријано и обувки од Софија Вебстер.
Во мјузиклот режиран од Кеј Кенон, Кабејо ја има улогата на Пепелашка.
Камила и Шон се заедно од јули 2019 година.