Камила Кабејо и Шон Мендес беа меѓу наградените на синоќешната манифестација по повод MTV VMA.
Заљубениот музички пар позираше пред фоторепортерите со добиената награда, пред да настапи на сцената со актуелниот хит „Señorita“.
22-годишната пејчка и 21-годишниот пејач, кои започнаа да се состануваат пред неколку месеци, привлекоа бројни комплименти со романтичниот настап.
ВИДЕО
Нивниот хит беше номиниран во пет категории, но победи во две: Најдобра соработка и Најдобра кинематографија.
Камила носеше бела креација од Balmain.