Камила Кабејо и Шон Мендес синоќа заедно настапија на манифестацијата по повод доделувањето на Американските музички награди.
Во Микрософт театарот во Лос Анџелес, 22-годишната пејачка заводливо танцуваше додека со нејзиниот сакан го пееја заедничкиот хит „Señorita“. Парот, кој е во врска веќе неколку месеци, доби многу комплименти за сензуалниот настап.
Видео
Реакцијата на Тејлор Свифт за крајот на настапот, стана хит на социјалните мрежи.
Taylor Swift was all of us, every single one of us, during Camila Cabello and Shawn Mendes' steamy #AMAs performance. pic.twitter.com/6hNmM8e6Dk
— Entertainment Tonight (@etnow) November 25, 2019
На свеченоста, Камила и Шон ја добија наградата за Најдобра соработка. Статуетката ѝ ја врачи на Камила актерката Џејми Ли Кертис.