Роби Вилијамс стана татко откако неговата сопруга Ајда роди девојче. Веста за проширувањето на семејството Вилијамс ја објави гордиот татко, кој откри и дека девојчето се вика Теодора Роуз Вилијамс, или нагалено Теди.
Теодора е прво дете на 38-годишниот пејач и 33-годишната актерка, кои се заедно пет години. Парот стапи во брак во август 2010 година.
Пред една недела Роби за „The Sun“ изјавил дека има мали стравови за татковството. „Сè уште не знам како да направам некои нешта за себе... ако не знам како да се грижам за себе, како ќе се грижам за неа? Но, сигурен сум дека сето ова е многу природно“ – рекол тој.