Роби Вилијамс утре ќе стане женет човек. 36-годишниот пејач ќе стапи во брак со 31-годишната актерка Ајда Филд на мала церемонија на островот Санта Каталина.

Прекрасниот остров, кој често е опишуван како рај, е омилено место за поминување на медениот месец на многу младоженци. По церемонијата, двајцата вљубени ќе останат 2 седмици на островот, пред Роби да се врати во Велика Британија за да го промовира новиот сингл со Take That, насловен како Shame.

Ајда и Роби се заедно од 2007г., а пред една година започнаа и да живеат заедно. Кон крајот на ноември минатата година Роби ѝ предложи брак на Ајда во живо во емисија на австралиската радио-станица „2Day FM“, но подоцна изјави дека тоа било шега и дека не се свршени.