Тори Спелинг и Џени Гарт присуствуваа на настан по повод отворањето на привремениот ресторан „Пич Пит“ во Лос Анџелес.
Двете ѕвезди од „Беверли Хилс 90210“ носеа бели фустани по кои беа испишани имињата на ликовите кои ги толкуваа во серијата – „Дона“ и „Кели“.
Ресторанот во кој се дружеа ѕвездите од „Беверли Хилс 90210“ по часовите беше повторно отворен во Лос Анџелес во соработка на Fox и Popsugar. Привремено, обожавателите на серијата ќе можат да одат на вечера и да се потсетат на моментите од 90-тите години. Во објектот има место на кое со фотографии му се оддава почит на покојниот актер Лук Пери, кој во серијата ја имаше улогата на Дилан.
„Навистина беше создадено како имитација на она на што сите се сеќаваме и го сакаме толку многу кај тие моменти во серијата, па веднаш ве обзема носталгија. Кога луѓето ќе влезат во нашиот Пич Пит, чувствуваат како да влегле на вечера во серијата“ – изјавиле од Popsugar.
На настанот присуствуваше и Иан Зиринг (Стив) со сопругата Ерин и двете ќерки Пена и Миа.
Продолжението на серијата премиерно ќе започне да се прикажува на 7 август.