Џени Гарт, која ја глумеше Кели Тејлор во хит серијата „Беверли Хилс, 90210“, стапи во брак со Дејвид Абрамс.
По осуммесечна врска, 43-годишната актерка и 34-годишниот актер ја крунисаа својата љубов со брак на интимна церемонија во Лос Оливос, Калифорнија.
„Беше совршената ноќ. Пресреќни сме што нашите фамилии и пријатели беа со нас за оваа специјална прилика“ – изјавил среќниот пар за People.
Невестата беше облечена во нежна бела венчаница од дизајнерката Клер Петибон, на која се истакнуваа вешто извезените розови цветови.
На свадбената церемонија присуствуваа ќерките на Гарт од нејзиниот претходен брак со актерот Питер Фачинели. 17-годишната Лука Бела, 12-годишната Лола Реј и 8-годишната Фиона Ив со силни прегратки им честитаа на среќните младенци.