Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кели, Дилан, Брендон и Андреа од „Беверли Хилс“ во реклами за „Old Navy“

Кели, Дилан, Брендон и Андреа од „Беверли Хилс“ во реклами за „Old Navy“

Американскиот моден бренд „Old Navy“ реши да нè потсети на хит серијата „Beverly Hills, 90210“, ангажирајќи дел од познатата екипа за свои реклами.

42-годишниот Џејсон Присли (Брендон), 40-годишната Џени Гарт (Кели), 45-годишниот Лук Пери (Дилан) и 51-годишната Габриел Картерис (Андреа) се обидуваат да нè навратат на љубовните драми кои се случуваа меѓу нивните ликови во незаборавната серија.

„Дилан“ и „Брендон“„Дилан“ и „Брендон“

Во првото видео главна тема е љубовен триаголник и Кели повторно е принудена да избира помеѓу Дилан и Брендон.

Во второто видео главни ликови се Брендон и Андреа, а кон крајот таа му признава на Брендон дека е заљубена во него. Интересен факт: кога Габриел (Андреа) ја снимаше серијата имаше 30 години, а глумеше средношколка.

Во последното видео можете да го видите само Брендон, а темата на видеото нема поврзаност со „Беверли Хилс“.

Пред еден месец Џени објави фотографија со Џејсон и Лук, предизвикувајќи голем интерес кај обожавателите на популарната серија.

Џејсон, Џени и ЛукЏејсон, Џени и Лук

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.