Дејвид Бекам има големо семејство, па слободно може да се каже дека добива многу љубов.
Тоа е повеќе од очигледно на фотографијата која поранешниот фудбалер ја сподели на својот профил на Instagram. На неа, тој позира на семејната забава по повод неговиот 42. роденден, а околу него се четирите деца – 18-годишниот Бруклин, 14-годишниот Ромео, 12-годишниот Круз и 5-годишната Харпер.

Сопругата Викторија стои зад објективот.
„Многу љубов за тато денес“ – напиша славниот спортист во описот.
И Викторија не пропушти да сподели фотографија од роденденската прослава на Дејвид, а на неа тој со насмевка позира пред торта со роденденска свеќа. „Среќен роденден. Сите многу те сакаме“ – напиша познатата дизајнерка.

Вчера, целото семејство Бекам со слатки пораки и фотографии му го честиташе роденденот на Дејвид.
