Дејвид Бекам се сретна со свој обожавател болен од рак, исполнувајќи му една од неговите најголеми желби.
Енди Мос, кој води тешка борба со рак од 2013 година, сними видео во кое му се обрати на славниот спортист. Во видеото, Мос објаснува дека покрај успехот во кариерата, му се восхитува на Бекам и заради неговата посветеност како татко и сопруг и за хуманоста. Мос вели и дека го крстил својот син Дејвид по поранешниот фудбалер.
Кога видеото стигнало до самиот Бекам, тој решил да му ја исполни желбата на болниот татко. Поранешниот фудбалер ги платил сите трошоци за Енди и неговото семејство да отпатуваат во Америка.


На средбата присуствувале и Викторија и Бруклин Бекам.
