Дејвид Бекам наполни 44 години.
Поранешниот фудбалер го прослави роденденот во ресторан со целото свое семејство и со Викторија споделија видеа и фотографии од прославата.






Претходно, 45-годишната дизајнерка сподели фотографија од раката на Дејвид и од својата рака со свршеничкиот прстен и напиша: „Среќен роденден Дејвид! Ти ни си сè. Те сакаме најмногу. Бакнежи“.

За да му го честита роденденот на татко си, Круз Бекам сподели фотографија на која заедно прават скара и честитка со мајмун на која пишува: „Тато, стареењето е неизбежно, но созревањето е опционално“.
Ромео исто така сподели фотографија на која позира со татко си и сестра си Харпер и напиша: „Среќен роденден тато, се надевам дека ќе имаш неверојатен ден. Те сакам најмногу“.