Бендот The Groove ја објави својата втора авторска песна.
Момците од Битола, кои неодамна ја прославија 10-годишнината од основањето на бендот, деновиве освојуваат со емотивната балада „Тука сум до тебе“.
„Станува збор за емоционално парче музика, кое ја прикажува пожртвуваноста и искреноста на секоја Мајка“ – велат од бендот.
„Тука сум до тебе“ е потсетник дека љубовта е најсилна токму тогаш кога сме тивки, но тука – еден за друг.
Слушнете ја песната и погледнете го спотот снимен во Ниже Поле: