Појавувањето на Анџелина Џоли на црвениот тепих никогаш не поминува незабележано, но на синоќешното доделување на Оскарите Џоли привлече поголемо внимание поради невообичаената поза во која застана пред фотографите.
Обидувајќи се да го покаже шлицот на својот фустан со цел да изгледа интересно, Џоли постојано ја вадеше десната нога и положбата на нејзиното тело изгледаше малку неприродно.
Откако ја повтори истата поза од црвениот тепих и на сцената, сценаристите на „The Descendants“ решија да го искористат тоа и да се пошегуваат имитирајќи ја Џоли.
Сепак, по завршувањето на манифестацијата, Нет Никсон и Џим Раш појаснија дека не сакале да се шегуваат со Анџелина на лош начин, туку да ја покажат својата почит кон нејзиниот сексапил.
Денес ногата на Енџи е хит на интернет и веќе има свој профил на Twitter со речиси 10.000 следбеници.
Погледнете како Нет и Џим се пошегуваа со позата на Џоли: