Дрејк имаше задача да ѝ ја врачи на Ријана наградата „Мајкл Џексон“ на MTV VMA.
Во својот сладок говор, 29-годишниот рапер и продуцент раскажа како ја запознал Ријана и призна пред светот дека е вљубен во неа од својата 22-ра година. „Таа е личноста во која сум вљубен откога имав 22 години“ – рече Дрејк, кој додаде и дека Ријана е меѓу ретките изведувачи кои по славата останале она што биле на своите почетоци.
„Таа е жива легенда во нашата индустрија“ – изјави славниот музичар.
При врачувањето на наградата, Дрејк нежно ја бакна Ријана и доби громогласен аплауз и овации од присутните.
Во јавноста долго време се шпекулира дека Дрејк и Ријана се во врска, но двете музички ѕвезди не ги имаат потврдено овие гласини.
Погледнете видео и фотографии: