Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе триумфираше на MTV VMA 2016 со 8 освоени награди

Бијонсе триумфираше на MTV VMA 2016 со 8 освоени награди

Синоќа најголемите ѕвезди на светската музичка сцена се собраа во „Madison Square Garden“ по повод доделувањето на видео музичките награди на MTV.

На настанот во Њујорк, Бијонсе се појави како изведувач со најголем број на номинации, а си замина како изведувач со најголем број на освоени награди. Во рацете на 34-годишната музичка ѕвезда завршија вкупно осум статуетки меѓу кои најпосакуваната за Видео на годината за „Formation“.

Бијонсе, која на настанот се појави со ќерка си Блу Ајви, победи и во категоријата Најдобро видео на женски изведувач за „Hold Up“, додека „Formation“ ѝ го донесе првото место во повеќе категории меѓу кои Најдобро поп видео и Најдобра кореографија.

Бијонсе Бијонсе

Значајната награда „Мајкл Џексон“ заврши во рацете на Ријана, а ѝ беше врачена од Дрејк.

Ријана Ријана Ријана

Видео

Калвин Харис ги присвои статуетките за Најдобро видео на машки изведувач за „This Is What You Came For“ за која соработуваше со Ријана и за Најдобро електронско видео за „How Deep Is Your Love“. За првата награда, Харис ѝ се заблагодари на Ријана, но од својот говор ја изостави својата поранешна девојка Тејлор Свифт, која тајно учествуваше во пишувањето на песната.

Калвин Харис

Видео

Во рацете на Дрејк пак заврши наградата за Најдобро хип-хоп видео за „Hotline Bling“, додека женската група Fifth Harmony победи во категориите Најдобра соработка за „Work From Home“ со раперот Ty Dolla Sign и Песна на летото за „All In My Head“.

Fifth Harmony Fifth Harmony

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.