Џенифер Лопез беше придружувана од својот сакан Алекс Родригез на црвениот тепих на доделувањето на видео музичките награди на MTV.
На свечениот настан во Њујорк, 49-годишната пејачка буквално блесна во фустан од Версаче, кој го надополни со сандали и чантичка во складна боја.
Лопез енергично настапи на сцената и ја прими престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“ за својот придонес во музичката индустрија.