Анџелина Џоли и нејзините деца имаат нов домашен миленик.
44-годишната актерка и нејзината 11-годишна ќерка Вивиен беа фотографирани додека купуваа зајаче од продавница за миленици. Славната холивудска ѕвезда носеше бел широк фустан и очила од Луј Витон. Нејзината ќерка со широка насмевка на лицето го носеше зајачето.
Вивиен е ќерка на Анџелина од бракот со поранешниот сопруг Бред Пит. Тие заедно имаат три биолошки деца – ќерката Шајло, како и близнаците Вивиен и Нокс и три посвоени – Медокс, Захара и Пакс.