Џесика Зор се соблече и позираше само со боја по телото за новата рекламна кампања на пијалокот SoBe Lifewater.
Снимањето со 25-годишната бринета, која е позната по улогата на Ванеса Абрамс во серијата Gossip Girl, било на две локации.

Дел од фотографиите се снимени на улиците на Костарика, каде Џесика позира со црвена боја по телото. Останатите фотографии се снимени во џунгла и на нив се гледа Џесика како седи на карпа пред водопад, а дел од нејзиното тело е прекриен со зелена боја.

Џесика, која е во врска со Ед Вествик (Чак во Gossip Girl), не достигна толку голема слава како што тоа се случи со нејзините колешки Блејк Ливли и Лејтон Мистер, но можеби допрва ќе слушаме за неа.