Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејтон Мистер со спот за „Somebody To Love“

Лејтон Мистер со спот за „Somebody To Love“

Новиот музички спот на ѕвездата од телевизиската серија „Gossip girl“, Лејтон Мистер, докажа дека таа не е само одлична актерка, но и талентирана пејачка.

Песната со наслов „Somebody To Love“ е дует на прекрасната Лејтон и пејачот Робин Тики. Најверојатно ова ќе биде првиот сингл од дебитантскиот албум на 23-годишната убавица, за кој сè уште не се знае кога ќе биде пуштен официјално.

За новата песна Лејтон изјави: „Навистина сакав да направам нешто поинакво од она што моментално се слуша на радио. Мислам дека е многу забавна и игрива, а во истото време опшутена и секси.“

Еве го новиот „жежок“ спот на Лејтон Мистер, во кој таа изгледа посекси од секогаш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20931 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.