Популарната серија „Gossip Girl“ ќе продолжи без две свои учеснички – Тејлор Момсен и Џесика Зор. Актерките кои влегуваат во улогите на Џени Хамфри и Ванеса Абрамс соодветно, во петтата сезона нема да бидат во редовната екипа на серијата, туку само повремено ќе учествуваат како гостинки.
17-годишната Момсен ретко се појавуваше и во четвртата сезона, но сега веќе и официјално го напушта шоуто за да се посвети на пеењето и својата музичка група, „The Pretty Reckless“.
Петте главни лика (Серена, Блер, Чак, Нејт и Ден) се враќаат наесен во новата сезона. Ним ќе им се придружи и Кејли Дефер (Чарли, братучетката на Серена).
Наскоро се очекува последната епизода од четвртата сезона на „Gossip Girl“, „The Wrong Goodbye“. Погледнете го промотивното видео: