Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ден од „Gossip Girl“ се ожени

Ден од „Gossip Girl“ се ожени

Пен Баџли, кој најголема слава стекна со улогата на Ден Хамфри во серијата „Gossip Girl“, се ожени. 30-годишниот актер стапи во брак со пејачката Домино Кирк.

Пен и Домино, која им е сестра на актерките Лола и Џемима Кирк, се заколнаа на вечна љубов во Бруклин, опкружени со најблиските роднини и пријатели.

Пред да го изговори судбоносното „ДА“, парот беше во врска три години.

Пен и Домино Пен и Домино Пен и Домино КиркСестрите Кирк

Во минатото, Пен се состануваше со Блејк Лајвли, со која глумеше во популарната серија, а се шпекулираше дека е во врска и со Зои Кравиц.

Крајот на „Gossip Girl“ ги изненади фановите со откривањето дека Ден всушност цело време стоел зад мистериозниот блог.

Пен и Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.