Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Свадбата, медениот месец и бременоста на Бела во „Breaking Dawn“

ВИДЕО: Свадбата, медениот месец и бременоста на Бела во „Breaking Dawn“

Обожавателите на вампирската сага „Twilight“ добија можност да ѕирнат во долгоочекуваното возбудливо продолжение „The Twilight Saga's Breaking Dawn Part I“.

Промотивното видео ја следи свадбата на Бела и Едвард, нивниот меден месец и болната и кратка бременост на Бела.

На почетокот може да се види дел од романтичната атмосфера на свадбената церемонија и среќната невеста додека се упатува кон својот сакан. Потоа следи збогувањето на Џејкоб и Бела. Неколку кадри ги носат гледачите во страсниот меден месец на заљубените Бела и Едвард. По нивната прва ноќ заедно, Едвард ѝ вели на Бела: „Минатата ноќ беше најдобрата во целото мое постоење“.

Бела со својот татко Бела Едвард

Набрзо убавите моменти во две и пол минутното видео завршуваат и следуваат кадри од болната бременост на Бела, предизвикана од брзото растење на фетусот. Додека Бела се бори да остане силна и да успее да го роди бебето, се подготвува битката помеѓу врколаците и вампирите.

Бела и Едвард Бела

Погледнете го возбудливото видео кое завршува со раѓањето на детето на Едвард и Бела:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.