„Родена сум за да бидам вампир“ – вели Бела на почетокот на трејлерот за последното продолжение на вампирската сага „Twilight“.
Во новиот трејлер ѕвезда е Бела (Кристен Стјуарт), која се прилагодува на новиот живот како вампир и како мајка. Бела и нејзиниот сопруг Едвард (Роберт Патинсон) се обидуваат да ја заштитат својата ќерка Ренезме (Мекензи Фој).
„Никогаш нема да дозволам некој да те повреди“ – му ветува Бела на малото девојче.

Бројните обожаватели на „Twilight“ со нетрпение го очекуваат последното продолжение кое премиерно ќе биде прикажано во ноември.