Ешли Грин се омажи. Актерката, која е позната по улогата на вампирката Алис Кален од „Twilight“, стапи во брак со Пол Коури на церемонија која се одржа во природа во Сан Хозе, Калифорнија.
31-годишната филмска ѕвезда блескаше во две венчаници на денот кога го изговори судбоносното „ДА“.
Белиот невестински фустан со разголен грб е дело на дизајнерката Кејти Меј, додека проѕирната креација со 3Д цветови е изработена од Винди Вилијамс-Стерн.
Ешли и Пол се во врска од 2013 година. Тие се верија во декември 2016.
Меѓу гостите на свадбата беа Џош Духамел со девојката Еиса Гонзалес.