За својот 11. роденден, Софија Санчез имала две желби – ново срце и средба со Дрејк. Популарниот рапер ѝ ја исполни втората.
Кога ја посети во болница во Чикаго, Софија невоздржано ја покажа огромната возбуда. Двајцата си размениле автограми и накратко поразговарале.
На Софија пред само три недели ѝ била направена операција на срцето, а е на листата на чекање за трансплантација на срце.





Слаткото девојче неодамна го сними предизвикот „In My Feelings“ во болница и токму тоа видео го инспирирало Дрејк да ја посети.