Дрејк воопшто не изгледаше како да е одушевен од бакнежот на Мадона на сцената на фестивалот Coachella, а неговата реакција стана интернет хит.
56-годишната пејачка му беше специјална гостинка на Дрејк за време на неговиот настап. Во еден момент, таа му пријде на Дрејк кој седеше на стол и му подари долг, сочен бакнеж. Гримасите на 28-годишниот рапер по бакнежот, кои изразуваа чувства како одбивност и згрозеност, родија безброј шеги.