Џенифер Лопез ја дочека 2017 година заедно со Дрејк.
47-годишната пејачка и 30-годишниот рапер беа фотографирани на новогодишна вечера во ресторанот „Hakkasan“ во Лас Вегас, а подоцна во истоимениот ноќен клуб Дрејк одржа свој концерт, кој Лопез го следеше од публиката.
За дочекот на новата година, Џеј Ло шармираше во секси кадифен фустан со гол грб од брендот House of CB, кој чини 195 долари. Својот изглед таа го надополни со бунда и крзнена чанта.
Долгото златно синџирче кое го носеше Лопез веднаш поттикна коментари на социјалните мрежи, бидејќи му припаѓа на Дрејк.
За концертот на Дрејк, Џенифер се пресоблекла во фустан во боја на слонова коска.
More from #Drake's performance at #Hakkasan, that lady dancing at Drake's table looks familiar..href="https://twitter.com/hashtag/Jennyfromtheblock?src=hash">#Jennyfromtheblock pic.twitter.com/o5YIkfLNwc
— Chernéy Amhara FOX5 (@CherneyAmharaTV) January 1, 2017
На 1 јануари Лопез и Дрејк беа фотографирани во казино во Лас Вегас.
Неодамна Лопез го откажа својот новогодишен концерт во Мајами со објаснување дека сака да помине време со своето семејство.
Подолго време се шпекулираше дека Џеј Ло и Дрејк се во врска, но гласините дека се заедно повеќе се засилија откако музичките ѕвезди споделија иста фотографија на своите профили на Instagram.
Неколку дена подоцна, беа објавени снимки на кои тие танцуваат и се бакнуваат.