Џенифер Лопез и Дрејк пред неколку дена споделија иста фотографија на која се прегрнуваат и ги разгореа до максимум гласините дека се во врска. Сега, славните музичари беа снимени на забава додека се бакнуваа и танцуваа.
47-годишната пејачка и 30-годишниот рапер беа прогласени за „крал и кралица“ на забавата во матурски стил Winter Wonderland. На снимките, парот танцува и си разменува кратки бакнежи.
Иако многумина се убедени дека Џеј Ло и Дрејк навистина се во романтична врска, не се малку и скептиците кои сметаат дека ова е лажна врска за промовирање на нивната нова музика.