Мараја Кери, за која се претпоставува дека е бремена, падна на сцената за време на настап во живо во Сингапур. Машките танчери кои настапуваа со неа веднаш ѝ помогнаа да се врати на нозе.
Популарната пејачка успеа и да се пошегува со малата незгода обраќајќи ѝ се на публиката со зборовите: „Намерно го направив тоа“.
Очигледно беше дека причината за губењето на рамнотежата се нејзините високи потпетици, па Мараја несакајќи да ризикува, повика на сцената асистентка која ѝ помогна да ги соблече обувките и да го продолжи настапот боса.
Многу странски медиуми неколкупати објавија вести дека 40-годишната пејачка е најверојатно бремена, но сè уште нема официјална потврда за тоа ниту од Мараја, ниту од нејзиниот сопруг Ник Кенон.