Адел очекувано се искачи на врвот на листата на победници на синоќешното доделување на Британските музички награди. Но, 27-годишната ѕвезда, која со своето враќање на музичката сцена сруши неколку рекорди, не успеа да ги исконтролира своите емоции.
За време на говорот по примањето на третата статуетка, Адел плачеше и пцуеше на сцената. Наградата за Глобален успех ѝ беше доделена од вселенска станица од астронаутот Тим Пик, кој призна дека Адел има обожаватели и надвор од планетата.
„Ви благодарам. Не можам да одлучам дали плачам поради видеото или затоа што Тим Пик го направи тоа. Моето дете ќе мисли дека сум многу кул“ – вели шеговито Адел, која подоцна пцуе на сцената. Нејзиниот говор беше пренесуван во живо од телевизиската куќа ITV1, па не беше навреме цензуриран недоличниот збор, што малку ги изненади гледачите пред ТВ екрани.
На крајот од манифестацијата, Адел се извини за кажаната пцовка.
Пораката од Тим Пик
Delighted to join #BRITs2016 tonight from space and present award to the amazingly talented @Adelehttps://t.co/eAAbTBVQUe
— Tim Peake (@astro_timpeake) February 24, 2016