Синоќа лондонската О2 арена беше преплавена со познати имиња од светот на музиката на 36. по ред издание на Британските музички награди.
Адел доминираше меѓу победниците и во нејзини раце завршија вкупно четири награди.
На британскиот пејач и гитарист Џејмс Беј му припадна честа да ја понесе титулата Најдобар британски пејач, а за Најдобра британска музичка група беа прогласени Coldplay.
Во рацете на Џастин Бибер заврши наградата Најдобар интернационален пејач, а Бјорк беше прогласена за Најдобра интернационална пејачка. Најдобра интернационална музичка група е Tame Impala.
Спотот за „Drag Me Down“ на One Direction ги победи номинираните во категоријата и стана Најдобро британско музичко видео.