Лондон синоќа беше домаќин на уште една музичка манифестација. На свеченоста која се одржа во О2 арената, беа доделени Британските музички награди.
Неколкучасовното прогласување на победниците беше повеќепати паузирано поради настапите на познати музички ѕвезди.
Адел ја освои сцената и ги покажа своите вокални способности изведувајќи ја „When We Were Young“, Ријана во бела комбинација најпрво настапи со песната „Consideration“, а потоа на сцената нејзе ѝ се придружи Дрејк со кого ја испеаја „Work“.
Coldplay ја забавуваше публиката со изведба на „Hymn for the Weekend“, а во чест на неодамна починатиот Дејвид Боуви, 19-годишната Лорд испеа еден од неговите најголеми хитови „Life on Mars“.