Ријана
Ријана беше предупредена да има пристоен настап за песната „S&M“, која е забранета на Британското национално радио 1, а чиј спот е забранет во 11 држави.
22-годишната ѕвезда која беше прогласена за Најдобар интернационален женски изведувач, настапи со делови од „Only Girl (In The World)“, „S&M“ и „What’s My Name“ и ја воодушеви публиката.
Take That
Роби Вилијамс, Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оринџ и Марк Овен настапија со нивната нова песна „Kidz“.
Take That, кои ја освоија наградата за Најдобра британска група, се појавија на сцената со 60 танчери „вооружени“ со пластични штитови и кациги.