Шпекулациите дека Бијонсе и Џеј Зи се пред развод не стивнуваат, но тоа не го спречува популарниот пар да продолжи со музичките проекти.
HBO го објави трејлерот за специјалниот филм посветен на турнејата на музичките ѕвезди „On The Run“.
На почетокот на видеото Бијонсе му ја пее на својот сопруг „Bang Bang (My Baby Shot Me Down)", а потоа се редат кадри од изминатите концерти низ САД.
HBO ќе ги вклучи во филмот претстојните настапи на Бијонсе и Џеј Зи во Париз.
Странските медиуми наголемо пишуваат дека славниот пар ќе објави дека се разделува веднаш по завршувањето на успешната турнеја, иако Бијонсе преку фотографиите на Instagram не покажува дека бракот ѝ е во криза.