По 30-годишна кариера, Бред Пит се израдува на својот прв Оскар за актерство.
На синоќешната манифестација, 56-годишниот холивудски заводник ја доби златната статуетка за Најдобар актер во споредна улога за филмот „Once Upon a Time... in Hollywood“.
Во својот говор, Пит им се заблагодари на членовите на филмската екипа и оваа специјална награда им ја посвети на своите шест деца кои ги има со Анџелина Џоли – Медокс, Пакс, Шајло, Захара, Нокс и Вивиен.
„Ова е за моите деца кои даваат боја на сè што правам. Ве обожавам!“ – рече Бред на крајот од својот говор.
Somebody asked #BradPitt what was Maddox review for his film and how he will celebrate his win with his kids. This is his response. pic.twitter.com/CuGoiLz0mf
— Tres (@DaggerKnox) February 10, 2020
You’re Brad f**cking Pitt, and don’t you forget it! #Oscars2020 #SupportingRole #BradPitt pic.twitter.com/gyqUIbj9HT
— S (@sourbhsaidso) February 10, 2020
Пит претходно се радуваше на Оскар како продуцент на „12 Years a Slave“, кој во 2014 година беше избран за Најдобар филм.
Анџелина и Бред се разделија во 2016 година, по две години брачен живот. Старателството над нивните деца го доби Џоли.