Бредли Купер со ќеркичката Леа беа видени на плажа во Малибу, но фотографии привлекоа големо внимание затоа што беа придружувани од Џенифер Гарнер.
45-годишниот актер се сончаше во портокалов шорц, додека 48-годишната актерка си играше со 3-годишната Леа во песокот.
Бредли и Џенифер се долгогодишни пријатели, но нивната дружба поттикна гласини и за романса помеѓу филмските ѕвезди.
Гарнер неодамна раскина со своето момче Џон Милер, додека Бредли ја прекина својата врска со Ирина Шајк минатата година.
Џенифер претходно 10 години беше во брак со Бен Афлек со кого има 3 деца. Нивниот развод беше официјализиран во 2018 година.