Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли ќе добие почесен Оскар за хуманитарната работа

Анџелина Џоли ќе добие почесен Оскар за хуманитарната работа

Анџелина Џоли ќе добие втор Оскар, но не заради актерските способности, туку за хуманоста.

Анџелина Џоли

38-годишната холивудска ѕвезда ќе ја добие награда за хуманост „Џин Хершолт“, наречена по данскиот актер кој беше еден од најактивните филантропи во Холивуд.

Џоли, која го доби првиот Оскар за најдобра актерка во споредна улога за филмот „Girl, Interrupted“ од 1999 година, ќе ја добие специјалната награда за својата блиска соработка со многу хуманитарни организации, како и со Обединетите Нации.

Џоли на мисија во Конго во улога на амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Анџелина ЏолиЏоли држи говор на самитот Women in the World во Њујорк во чест на младата активистка Малала Јусафзаи

На свечената церемонија Governors Awards, која ќе се одржи на 16 ноември, ќе бидат доделени уште три почесни награди. Актерите Стив Мартин и Анџела Лансбери и костимографот Пјеро Този ќе добијат награди за своите достигнувања во филмската индустрија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19071 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.