Анџелина Џоли присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Serendipity“ заедно со четири од нејзините шест деца со Бред Пит.
43-годишната актерка и режисерка беше придружувана од 17-годишниот Медокс, 15-годишниот Пакс, 14-годишната Захара и 12-годишната Шајло.
Пред премиерното прикажување на филмот во Њујорк, Анџелина одржа говор во кој ја истакна важноста на создавањето на филмот посветен на борбата со рак на дојка и работата на режисерката Прун Ноури.



„Таа ни помага на сите да се почувствуваме малку похрабри, да бидеме поповрзани со нашите тела и помеѓу себе, да бидеме посклони да ги прифатиме нашите лузни и подобро да разбереме дека овие нешта се дел од животот и дел од она што значи да си жена. Рак е збор кој сè уште сее страв во нас. Но, често тој страв доаѓа од тоа што не ги знаеме нашите опции и избори. Дури и ако не може секогаш да биде победен, стравот може да биде пресретнат со поддршката од други луѓе“ – рече таа.



Џоли во неколку наврати беше фотографирана со децата низ Големото јаболко.






















