Анџелина Џоли е посветена на децата додека две од нејзините ќерки закрепнуваат по оперативни зафати.
44-годишната актерка, која пред една недела сподели дека нејзините ќерки Захара и Шајло се оперирале, беше фотографирана на пазарување со 11-годишната Вивиен.
По повод Меѓународниот ден на жената, Џоли напиша есеј за магазинот Time, во кој објави за здравствените проблеми на нејзините деца.
„Ги поминав последните два месеци со операции со мојата најстара ќерка, а пред само денови, ја гледав и нејзината помала сестра како легнува под нож за операција на колкот... Ги гледав моите ќерки како се грижат една за друга. Мојата најмала ќерка ги набљудуваше медицинските сестри заедно со нејзината сестра за наредниот пат да им асистираат. Гледав како моите девојчиња оставаа сè друго за да се стават една со друга на прво место“ – напиша Џоли.
Анџелина и Бред Пит, кои се разделија во септември 2016 година, имаат шест деца.