Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли како злобната вила со ќеркичката за „EW“

ФОТО: Анџелина Џоли како злобната вила со ќеркичката за „EW“

Анџелина Џоли се трансформира во „господарка на сето зло“ за новиот филм на Дизни, „Maleficent“, а нејзиниот злобен изглед беше овековечен и од „Entertainment Weekly“.

На насловната страница на списанието, Џоли позира со рогови и бездушен поглед.

Анџелина Џоли

Во филмот кој ја раскажува приказната за заспаната убавица, но од перспектива на злобната самовила, покрај Џоли глуми нејзината мала ќеркичка Вивиен. На втората фотографија која ја објави „EW“, Џоли ладно го гледа слаткото девојче кое влегува во улогата на принцезата Аурора.

Анџелина Џоли со малата ВивиенАнџелина Џоли со малата Вивиен

Во интервјуто Џоли раскажала дека сите деца се плашеле од нејзиниот нов изглед. Единствено 5-годишната Вивиен не бегала од неа, па затоа и била избрана за улогата на малата Аурора. „Сметаме дека е забавно нашите деца да учествуваат во филмови и да се со нас за време на снимањето, но не и да бидат актери. Мене и на Бред не ни е тоа целта. Другите тригодишни и четиригодишни изведувачи не сакаа ни да се доближат до мене. Мораше тоа да е дете на кое му се допаѓам и кое не се плаши од моите рогови, очи и канџи. Па, мораше да е Вив“ – изјавила Џоли.

ВивиенВивиен Џоли-Пит

Славната актерка споделила и дека роговите, колоритните леќи и истакнатите јаболкници го преплашиле нејзиниот син Пакс. „Кога Пакс ме виде првпат, избега и се вознемири, а јас мислев дека се шегува, па се престорував дека го бркам додека не го најдов и не видов дека плаче. Морав да извадам дел од шминката пред него за да му покажам дека сè е лажно и за да не се плаши толку многу“ – раскажала таа.

Пакс и Захара се појавуваат во сцената на крштевањето на Аурора како статисти. „Морав да поминам покрај нив многу налутена. Се разбира, во тој момент сакав да застанам и да им намигнам“ – рекла Џоли.

Анџелина Џоли

Во интервјуто била допрена и темата за здравствените проблеми на Џоли и двојната мастектомија. „Каде и да одам, налетувам на жени со кои разговараме за здравствени проблеми, женски проблеми, рак на дојка, рак на јајници. Имам разговарано и со мажи за здравјето на нивните ќерки и жени. Се чувствувам поблиска со луѓето кои поминуваат низ истото и или имаат изгубено родители, или размислуваат за операции, или се распрашуваат за нивните деца. Многу бев трогната од сета поддршка и добрина од толку многу луѓе“ – изјавила таа.

Трејлер за „Maleficent“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.